Утрински Весник
Свет

Кошта: Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ

Kosta.webp.webp

Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференција по завршувањето на состанокот на европските лидери во Брисел, на кој Унгарија потврди дека го задржува правото на вето за одлуките поврзани со заемот за Украина, пристапните преговори со Киев и воведувањето дополнителни санкции против Русија.

Кошта истакна дека лидерите на ЕУ јасно го осудија ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и инсистираше дека сите мора да си го одржат зборот. Кошта го даде коментарот во врска со инсистирањето на Орбан прво да се обноват испораките на нафта од Русија до Унгарија преку Украина преку нафтоводот Дружба.


„Не е гест на добра волја кога на ЕУ ѝ се даваат невозможни услови. Само Русија може да одлучи дали повторно да го нападне нафтоводот. Русија веќе 23 пати пукаше врз овој објект. Украина и ЕУ не се одговорни. Дејствијата на Унгарија се целосно неприфатливи. Лидерите јасно го осудија однесувањето на Унгарија по ова прашање“, рече Кошта.

Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски ветил дека ќе го обнови цевководот во следните шест недели.

Можете да прочитате

Иран нападна цели во соседните земји

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија