Утрински Весник
Спорт

Кошаркарките на Баскет Кам се пласираа во финалето на Купот

Кошаркарките на Баскет Кам се пласираа во финалето на Купот

Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 го отворија женскиот дел од завршниот турнир во Купот на Македонија. Ланските финалисти сега се пресметаа рано, а во финалето се пласира Баскет Кам 2011 со триумф од 70:61.

dobivaj vesti na viber

Екипата од Македонска Каменица беше поуспешна и утре од 16.30 часот ќе игра против подобриот од натпреварот Вардар – МЗТ Скопје Аеродром, кој се игра денеска од 14.30 часот.

Избраничките на тренерот Златко Гоцевски брзо стигнаа до позитива од осум поени 19:11, а на полувреме заминаа со предност од 34:25.

Баскет Кам стогна и до највисока предност (51:36) во средината на третата четвртина и Бадел не можеше да се врати резултатски до крајот.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам