Утрински Весник
Спорт

Корина Шумахер ќе го тужи Die Aktuelle

Корина Шумахер ќе го тужи Die Aktuelle

Семејството на славниот Михаел Шумахер планира да го тужи германскиот таблоид „Die Aktuelle“ кој објави лажно интервју со легендарниот возач. На насловната страница објавија ексклузива која всушност е измислица, бидејќи „вештачката интелигенција“ одговарала на прашања кои му биле поставувани на Шумахер.

dobivaj vesti na viber

На овој начин таблоидот го зголемил тиражот, во заблуда ги довел читателите и во исто време ќе му наштети на семејството кое се бори да ја заштити приватноста.

„ESPN“ пренесува дека Корина Шумахер, сопругата на славниот Формула 1 возач, се подготвува да поднесе тужба против таблоидот и веќе се консултира со адвокатите.

Таблоидот „Die Aktuelle“ во својот најнов број на насловната страница објави фотографија од Шумахер со наслов „Михаел Шумахер, прво интервју“.

Под насловот пишува дека „звучи измамливо реално“, а написот наведува дека цитатите се произведени од вештачка интелигенција.

Да потсетиме, Михаел Шумахер имаше страшна несреќа на скијање на крајот на 2013 година. Оттогаш никој не го видел во јавност бидејќи семејството целосно се изолираше од јавноста.

Од моментот кога ја напушти болницата во Франција и се врати во својот дом во Женева, нема никакви информации за здравствената сосотјба на седум кратниот шампион во Формула 1.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари