Утрински Весник
Скопје

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Koordinativen sostanok 22.07.2026 godina.jpg

Денес одржавме координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумираме штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски.

„Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и приватен имот.


Станува збор за временска непогода од размери какви што градот не памети со децении.

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето.

Во координација со Владата на Република Македонија и претседателот Христијан Мицкоски, кој веќе прогласи кризна состојба ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и и воспоставена праксаќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.

Истовремено, со колегите градоначалници договоривме општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.

Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи во предвид дека, одржувањето на истите треба да го имаат куќните совети.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода.

Сакам да се заблагодарам на брзата и навремена реакција на екипите на нашите јавни претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје кои веднаш по невремето ги оспособија сите главни сообраќајници, а продолжија со расчистување на тротоари, паднати гранки и дрвја во текот на целата ноќ“ изјави Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди