Утрински Весник
Скопје

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода

20251226092900 big 730x400 51 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жителите на Општина Кисела Вода добија можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откако беа поставени специјални контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници.

Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека и домашниот текстил и активно вклучување на граѓаните во процесите на заштита на животната средина.

По новогодишните празници, поставувањето на вакви контејнери ќе продолжи и во основните училишта, со што иницијативата ќе добие и силна едукативна компонента, насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и создавање одговорни навики уште од најрана возраст.

-Со воведувањето на систем за одлагање и рециклирање на текстилен отпад, Општина Кисела Вода прави конкретен и одговорен чекор кон современо управување со отпадот. Нашата цел е на граѓаните да им понудиме практични и лесно достапни решенија кои директно придонесуваат за почиста животна средина и подобар квалитет на живот. Особено значајно е што преку поставувањето контејнери и во училиштата ќе градиме еколошка свест кај најмладите, затоа што токму тие се идните носители на одговорното однесување кон природата. Упатувам благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за партнерскиот пристап и општествената одговорност со која активно придонесуваат кон унапредување на еколошките стандарди и создавање почиста животна средина-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Можете да прочитате

Герасимовски: Новитет „центарска картичка”, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје

ДОМ: Дислокацијата е стратешка цел, но на Скопје му треба чист воздух денес