Утрински Весник
Спорт

Конте: Леви и бордот на Тотенхем треба да ја објаснат стратегијата на клубот

Конте: Леви и бордот на Тотенхем треба да ја објаснат стратегијата на клубот
Ss2

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека постои „лоша навика“ во англискиот фудбал, директорите на клубовите да не зборуваат во јавноста и побара претседателот Даниел Леви и бордот јавно да ја претстават стратегијата на клубот, зголемувајќи ги шпекулациите дека е подготвен да си замине во текот на летото ако не му бидат исполнети барањата.

dobivaj vesti na viber

По поразот од 2:0 во големото дерби од Арсенал и можност за уште една сезона за титула („суша“ која трае од 2008), дел од навивачите на клубот веќе почнаа да бараат одговори за тоа во кој правец оди клубот. Претседателот Даниел Леви оваа сезона двапати преку соопштение им се обрати на фановите, а спортскиот директор Фабио Паратичи, кој зборуваше редовно со новинарите додека беше на истата позиција во Јувентус, има дадено само едно интерву од приклучување на тимот во јуни 2021 година.

300x250 (7)

„Во Англија, постои лоша навика дека само менаџерот зборува со јавноста и се обидува да ги објасни работите. Никогаш не сум видел на пример медицинскиот тим да излезе и да објасни зошто одреден фудбалер им проблеми со опоравувањето. Исто така, не сум го видол спортскиот директор или генералниот директор да ја објаснува стратегијата и визијата на клубот. Во Италија на пример, пред секој натпревар има некој од клубот кој излегува пред новинарите и одговара на прашања. Понекогаш јас не можам да дадам одговор на сите прашања и ако зборувам само јас ќе има многу недоразбирања. Не мора на секој меч, но еднаш во текот на месецот“, вели Конте.

Италијанскиот стручњак има договор со Тотенхем само до крајот на сезоната.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер