Утрински Весник
Македонија

Конститутивна седница на новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството

Ministerstvo za pravda 696x464

Министерот за правда Кренар Лога ги поздрави и им посака успешна работа на членовите на новиот состав на Советот на ИКТ.  Советот за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи  ќе има 13 членови. Министерот Лога изрази уверување дека ова е најдобриот тим во државата кој ке може професионално да одговори на сите предизвици. Ќе ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план,ќе  ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, ќе учествува во подготовка на закони, други правни акти и ќе презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи.

Претседател на советот е  Јавниот обвинител  Влатко Милошевски а заменик претседател  Даут Рустеми, судија во Апелационен суд Гостивар. Останати членови се: Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА.
Мандатот на членовите е 2 години.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница