Утрински Весник
Македонија

Конференција за зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент

Crven Krst.webp.webp

Црвениот крст денеска организира конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“. Целта е подбро позиционирање на организацијата за поефикасно и поефективно спроведување хуманитарните операции.

Конференцијата е под покровителство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а, како што е најавено, претставува значаен механизам во споделување искуства на полето на кризниот менаџмент, како и споделување иницијативи за подобрување на ефикасноста на институциите за одговор при итни состојби.

-На конференцијата ќе понудиме платформа за соработка која ќе обезбеди поддршка на властите во државата за дополнување хуманитарни услуги согласно основните принципи, како и иницијативи за поефикасно и ефективно спроведување на стратешки заложби за подобрување на животот на ранливото население, најавува Црвениот крст.

На настанот ќе учествуваат парламентарци, истакнати професори, експерти од областа на кризниот менаџмент, поддржувачи и волонтери на Црвениот крст.

Можете да прочитате

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Петрушевски: ДУИ е повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да ги заштити криминалците како Груби од одговорност

Сѐ уште трае распитот на Васко Стефанов во Кривичен