Утрински Весник
Македонија

Конференција „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“

Mladi.webp.webp

Претставници од општините и од локалните младински совети, како и експерти во областа на младинските политики ќе бидат дел од конференцијата „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“ што се одржува денеска во Скопје.

 На конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Александру Албу, Раководител на операции 2 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и Сашко Митовски, градоначалник на општина Крива Паланка.

 Како дел од овој проект на конференцијата ќе се доделува награда за една од општините, која согласно претходно истражување спроведено како дел од активностите на проектот се издвојува како отворена, инклузивна и општина која работи во насока на подобрување на локалното владеење и вклучување на младите.

Конференцијата има за цел подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот, а во рамките на неа се одбележува и Меѓународниот ден на младите – 12 август.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус