Утрински Весник
Свет

Конечни резултати од изборите во Пакистан: Независните кандидати добија најмногу гласови

1707368486 2024 02 08t045814z 1888770288 Rc24y5az64fo Rtrmadp 3 Pakistan Election 1200x800 1.jpg

Во Пакистан денеска беа објавени конечните резултати од општите избори одржани во четвртокот, кои покажаа дека независните кандидати поддржани од поранешниот премиер Имран Кан од затвор освоиле 101 од 264 места во парламентот на земјата.

Конечниот резултат беше објавен повеќе од 60 часа по гласањето, што покрена прашања за регуларноста на самиот процес.

Независните кандидати избија во водство, но пакистанската муслиманска лига-Наваз (ПМЛН), партијата на вториот поранешен премиер на Пакистан, Наваз Шариф, освои 75 места во парламентот и стана најголемата единствена партија во парламентот.

Шариф потврди дека неговата партија преговара со други партии за формирање коалициска влада бидејќи не успеала сама да освои јасно мнозинство.

Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан претходно се закани дека денеска ќе организира мирни протести ширум земјата доколку не се соопштат конечните изборни резултати и бројот на гласови, но сепак, синоќа на некои локации се одржаа мали протести.

Секретарот на партијата на Кан ПТИ официјално ги откажа општите протести, но рече дека требаше да се одржат протести на поединечни избирачки места каде што се сомневаше дека резултатите се „фалсификувани“.

Околу 93 независни кандидати кои освоија места во парламентот се поврзани со партијата ПТИ на Кан. Тие се кандидираа како „независни“ бидејќи на кандидатите од ПТИ на Кан им беше забрането да учествуваат на изборите поради наводно непочитување на изборните прописи.

И покрај затворската казна што Кан ја отслужува за низа наводни злосторства – од објавување државни тајни до корупција и нелегални бракови – милиони Пакистанци гласаа за политичката опција на поранешниот премиер и некогашен играч на крикет.

Пакистанската привремена влада соопшти дека доцнењето со објавувањето на конечните резултати се должи на проблеми во комуникацијата и прекин на мобилниот интернет на денот на изборите, наведувајќи безбедносни причини.

Сепак, одложувањето предизвика загриженост кај групите за човекови права и странските влади, вклучително и САД.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење