Утрински Весник
Скопје

Комунална хигиена-Скопје спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

Image 2026 06 16 084846980.png

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов”. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.


Можете да прочитате

Линијата 35 се продолжува до Радишани, директно поврзување на Бутел и Аеродром

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

ВЕЧЕРВА ФАТЕН НА ДЕЛО ВО КИСЕЛА ВОДА: Фрлал шут и кабаст отпад – веднаш санкциониран