Утрински Весник
Македонија

“Комунална хигиена“ доби прекршочна пријава во износ од 1 500 евра – ја поднесе Општина Кисела Вода поради нередовно собирање на сметот

Gubre Butel 1024x768 1.jpg

Прекршочната пријава е поднесена од страна на советник, кој е комунален инспектор во Општина Кисела Вода, по направен вонреден инспекциски надзор на територија на Општината, а по претходно добиена пријава од граѓани
Дека „Комунална хигиена“ не го собира сметот повеќе од десет дена вчера алармираше и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Рече дека сликите во Општината се застрашувачки и апелираше претпријатието да си ја заврши работата за која е платено пред да биде доцна. „Комунална хигиена“ подоцна ги демантираше наводите на Костовски.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје е поднесена прекршочна пријава во износ од 1 500 евра поради ненавремено и нередовно собирање на отпадот во општината.
Прекршочната пријава е поднесена од страна на советник, кој е комунален инспектор во Општина Кисела Вода, по направен вонреден инспекциски надзор на територија на Општината, а по претходно добиена пријава од граѓани.

„Постапувајќи по реакција на граѓани на Општина Кисела Вода, комуналниот инспектор на Општина Кисела Вода изврши увид на целата територија на Општината при што е констатирано дека давателот на услуги кој врши собирање комунален смет и безопасен отпад, спротивно на член 13 од Законот за комунални дејности, не го врши редовно собирањето на територија на Општина Кисела Вода за што е предвидена глоба согласно член 41 од Законот за комунални дејности. Од страна на комуналниот инспектор ќе биде издаден прекршочен платен налог во висина од 1 500 евра во денарска противвредност согласно член 41 став 1 алинеја 1 за правно лице од Законот за комунални дејности“,

се наведува во записникот од извршениот инспекциски надзор во Кисела Вода кој на Фејсбук го објави градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски.

Во објавата на Фејсбук во која информира за проблемот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека поднесената прекршочна пријава е резултат на несовесното работење на Јавното претпријатие ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град.

„Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаја со проактивност од страна на ‘Комунална хигиена’ кое сите граѓани на Скопје го плаќаме. Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен. Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до ‘Комунална хигиена’ и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата на се подобри“,информира Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Секое наредно непостапување, предупредува тој, ќе значи нова прекршочна пријава.

Дека „Комунална хигиена“ не го собира сметот повеќе од десет дена вчера алармираше и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Рече дека сликите во Општината се застрашувачки и апелираше претпријатието да си ја заврши работата за која е платено пред да биде доцна.

„Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП ‘Комунална Хигиена’ – Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на Градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“,објави вчера Костовски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина