Утрински Весник
Економија

Компаниите и странските инвеститори ги користат мерките од Отворен Балкан, Лидл ги препозна придобивките

Lildob.jpg

Додека беше во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ го кочеше гласањето во Собранието за договорите од „Отворен Балкан“ со кои што работници од Македонија, Србија и Албанија можат да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји. Мицкоски, пак,, за ова прашање не беше секогаш доследен. Остана во паметење онаа изјава кога рече дека „не бивало“ регионална соработка бидејќи Србија и Албанија не граничеле меѓу себе, дека немал никакви информации за Отворен Балкан и не ја разбирал суштината на проектот, иако подоцна ретерираше па рече дека „потребни ни се проекти што ги зближуваат соседите“.

Од друга страна неговиот партнер во владината коалиција, Арбен Таравари, не е „фан“ на Отворен Балкан. Тој за време на неговата претседателска кампања, како еден од своите програмски приоритети најави иницијатива за излегување на земјата од Отворен Балкан, пишува „Рацин.мк“.

Оваа разлика во ставовите го истакнува прашањето дали сега тие ќе се усогласат и каков став ќе заземе актуелната влада генерално кон иницијативата Отворен Балкан. Гледаме дека договорите што беа постигнати се остваруваат и придобивките веќе ги чувствуваат засегнатите граѓани од земјите вклучени во оваа регионална соработа.

Еден од најголемите компании со ланец маркети, Лидл, своите вработени во изградба на дистрибутивниот центар ги ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година, пишува „Рацин.мк“.

Со потпишаните договори во рамки на Отворен Балкан, на граѓаните им се овозможува држави да работат во која било од трите држави – Македонија, Албанија и Србија, без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Можете да прочитате

Експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето водич за климатските ризици за централните банки на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем

Интензивни подготовки во УЈП за старт на проектот е-фактура

Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски