Утрински Весник
Македонија

Комората за вештаци одржа Основачко собрание

5.5 Scaled.jpg
Img 5587

Комората за вештаци денеска одржа Основачко собрание, за претседател едногласно е избран Виктор Исјановски.
Со ова, комората после 8 години повторно стана функционална со што би се решиле проблемите со кои се соочуваат вештаците и унапредување на нивната работа.
Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци во февруари.   Со донесување на новиот Закон за вештачење , обврска на Министерството за правда е да ги избере раководителите и замениците раководители на професионалните одделенија и по еден член од секое одделение како претставник во Основачкото Собрание на Комората. При тоа, членот 32 од Законот за вештачење  предвидува новина со воведување на професионални одделенија во Комората, а преку кои членовите на Комората ги остваруваат своите интереси во Комората и преку избрани преставници во Собранието на Комората. Професионалните одделенија имаат раководител и негов заменик со мандат од четири години без право на последователен избор. Раководителите и избрани претставници од професионалните одделенија  се членови на Собранието.. Оваа одредба беше предложена со цел да се овозможи формирање на функционално Собрание имајќи ја во предвид претходната состојба каде ниеден орган на Комората не функционираше, а особено Собранието кое броеше повеќе од илјада членови.
 Со формирањето на Комората се очекува да се подобри квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредувањето на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

МОН: Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи

Димитриевски ги изнесе условите на ЗНАМ за формирање на идна влада