Утрински Весник
Македонија

Комеморација за писателката Оливера Николова

Screenshot 2024 11 07 073422.jpg

Денеска во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова.

„Друштвото на писателите на Македонија Ве поканува Да присуствувате на комеморацијата за Оливера Николова (1936-2024), нашата писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Свеченото збогување ќе се одржи денеска во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје“, извести Друштвото на писателите на Македонија.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал