Утрински Весник
Свет

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина

Dron.webp.webp

Комбе во кое се превезувале австриски и шпански новинари било нападнато со дрон во близина на фронтот во источна Украина, соопшти денеска Австриската радиодифузна корпорација (ОРФ).

Во возилото се наоѓал и дописникот на ОРФ, Кристијан Вершиц.

„Дрон нè погоди, но за среќа сите сме добро“, напиша Вершиц на Инстаграм, каде што објави видео снимка од инцидентот направена со неговиот мобилен телефон.

Според ОРФ, нападот се случил во областа Доњецк, додека новинарите со хуманитарната организација „Пролиска“ патувале кон градот Костјантиновка.

На видеото се гледа како патниците бегаат од возилото, по што се слуша експлозија, а потоа се забележуваат опожарени остатоци и чад.

Можете да прочитате

Северна Кореја: Нашиот статус на нуклеарна држава е неповратен

Русија организира парламентарни избори и во окупираните украински региони

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо