Утрински Весник
Свет

Командантот на иранската морнарица: „Ја принудивме американската подморница да излезе на површина во Персискиот Залив“

Командантот на иранската морнарица: „Ја принудивме американската подморница да излезе на површина во Персискиот Залив“

Иранската морнарица ја принудила американската подморница да излезе на површина кога влегла во Персискиот залив, изјави денеска командантот на иранската морнарица Шахрам Ирани за државната телевизија.

dobivaj vesti na viber

„Американската подморница се приближуваше додека беше под вода, но иранската подморница Фатех ја откри и изведе маневри за да ја принуди да излезе на површина додека минува низ Ормутскиот Теснец“, изјави Ирани, пренесе „Ројтерс“.

Според него, подморницата влегла во иранските територијални води, но откако била предупредена го коригирала својот курс.

„Оваа подморница даде се од себе, користејќи ги сите свои капацитети, да помине во целосна тишина и да не биде откриена“, истакна Ирани.

 

Можете да прочитате

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол