Утрински Весник
Свет

Командант на Иранската гарда: Техеран има обврска да му се одмазди на Израел

1724593087 Iran.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Командантот на Револуционерната гарда на Иран, Хосеин Салами денеска повтори дека официјален Техеран има обврска да му се „одмазди“ на Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије на иранска територија.

„Ќе слушнете добри вести за одмазда, ако даде Бог“, рече Салами за време на инспекцијата на граничниот премин меѓу Иран и Ирак, додека илјадници шиитски аџии се упатија кон ирачкиот град Карбала на аџилак, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според иранската државна новинска агенција, група аџии го опколиле Салами извикувајќи „Смрт за Израел“.

Исмаил Ханија, политичкиот водач на палестинската милитантна група Хамас, беше убиен во Иран на крајот на јули, а Иран го обвини Израел за неговата смрт. 

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати