Утрински Весник
Свет

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

20251002093132 big 730x400 87.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги протера израелските дипломати од јужноамериканската земја откако Израел ја запре меѓународната флотила за помош за Појасот Газа.

Шефот на државата ги опиша дејствијата на израелските сили како „меѓународен злостор“ и го осуди притворањето на двајца колумбиски државјани во „меѓународни води“.


Колумбија ги прекина дипломатските односи со Израел минатата година, но четворица израелски дипломати останале во земјата.

Израелското Министерство за надворешни работи претходно објави дека сите патници од флотилата „Глобал Сумуд“, вклучувајќи ја и шведската активистка Грета Тунберг, се однесени во израелско пристаниште и се „неповредени и во добра здравствена состојба“.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност