Утрински Весник
Македонија

Колку е безбедно? Секој месец некое убиство ја тресе Македонија

Img 20240701 Wa0003 1.jpg

Дали станува збор за криминални пресметки, меѓусебни недоразбирања или нерасчитени сметки, Македонија речиси на секои 20ина денови во последните месеци ја потресува некое убиство.

Последен случај е оној со контроверзниот бизнисмен Чедо Радоимировиќ кој беше пронајден крај скопското село Орман со прострелна рана во главата.

Радомировиќ починал на скопските клиники, а истрагата треба да утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.

На 5 јули се случи убиство во Тетово, каде 40годишен маж загина во својот автомобил откако било пукано од друг автомобил во движење.

На почетокот на месец јули класична мафијашка ликвадиција рано наутро се случи во скопското село Батинци.

Тогаш напаѓачи по направена заседа испукале триесеттина куршуми кон двајца браќа од кои едниот почина на лице место.

На сличен начин кон крајот на месец мај беше убиен и младиот пејач Амар Исмани на фреквентната „Пластичарска“ улица во Скопје.

Јавноста беше потресена и од убиството на матичниот доктор пред поликлиниката во Железара, кој беше пронајден мртов во својот автомобил.

До денес, овие убиства остануваат нераситени, нема лоцирано извршители, ниту евентуалните мотиви.

Сепак, денеска Министерството за внатрешни работи објави дека е расчистен еден обид за убиство и тоа оној каде цел беше градоначалникот на општина Арачиново.

Убиства од семејни причини

Оние убиства кои брзо се расчистуваат се убиствата од семејна природата, а и такви периодов се случуваат често.

Последен случај е оној во Кратово каде млада жена го уби својот сопруг по години физичко и психичко малтретирање.

Во Стајковци се случи двојно убиство, кога повозрасен маж го убил својот брат, а потоа и снаата. Во Куманово пак, исто така повозрасен маж ја уби својата сестра и еден од нејзините синови, додека вториот го имаше рането.

Овие случаи се разрешени пред се поради тоа што сторителите сами се имаат пријавено во полиција.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје