Утрински Весник
Македонија

Колева: Нов скандал, ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци 11. 04.2024 

Koleva 1.jpg
Img 5587


Интегрален текст од прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
:

Почитувани,  

300x250 (7)

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николовски започна со притисок и злоупотреби кои единствено знаат да ги прават пред избори. 

Преплашени од слабата поддршка на терен почнаа јавно да објавуваат списоци со цел да се врши притисок. Ни помалку ни повеќе, списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица. 

Имено, мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ

Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно!

Александар Николовски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата?

Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните? 

СДСМ ќе ги заштити граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и нивните режимски методи. Александар Николоски и сите вклучени во овој скандал ќе одговараат. Им порачуваме веднаш да ги напуштат овие методи а граѓаните да ги казнат за ова насилство и понижување кое им го спрема ВМРО-ДПМНЕ.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, истите луѓе од режимот Александар Николовски и Антонио Милошоски се главните адути на партијата кои ги коирстат истите срамни методи.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата

Стојаноска: Со платформата 1198 ќе имаме широк дијалог со синдикатите, жестока борба со корупцијата и економска трансформација