Утрински Весник
Свет

Колапс на електромрежата на Куба, целиот остров во мрак

20250315091211 Big 730x400 25.webp.webp

Речиси цела Куба остана без електрична енергија откако националната електромрежа доживеа голем дефект синоќа, соопшти кубанското Министерство за енергетика и рударство. Според властите, проблемот настанал поради дефект во главната трафостаница во Хавана, што довело до прекин на снабдувањето со струја во голем дел од западна Куба, вклучително и во главниот град.

Сведоци известуваат дека Хавана била целосно во мрак, освен неколку хотели кои работеле на генератори. Извештаи на социјалните мрежи укажуваат дека и источните и западните региони на земјата, со вкупно 10 милиони жители, биле погодени од прекинот на струја.


Ова е уште еден удар за кревката и застарена енергетска мрежа на Куба, која веќе подолго време се соочува со чести прекини. Крајот на минатата година беше обележан со нестабилност на снабдувањето со струја поради недостаток на гориво, природни катастрофи и економска криза.

Повеќечасовни прекини на струја веќе станаа секојдневие за Кубанците, кои покрај тоа се соочуваат со сериозен недостиг на храна, лекови и вода. Се повеќе жители на островот се решаваат на миграција, барајќи подобар живот надвор од Куба

Можете да прочитате

САД го протеруваат амбасадорот на Јужна Африка

Макрон со повик до Русија да го прифати примирјето

Туристи затрупани под снежна лавина во Полска – спасувачите не ја знаат точната бројка