Утрински Весник
Балкан

Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во банани на пристаништето во Солун

1000.jpg

Над 90 килограми кокаин во вредност од над 2,9 милиони евра бил откриен во пратка со банани во контејнер што на пристаништето во Солун пристигнал од Еквадор, а како примач била наведена француска компанија, која испраќа банани во Романија, јави дописничката на МИА од Атина.

Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопшти дека царинските инспектори со помош на рендген го откриле кокаинот во пратка со свежи банани.

Бил спакуван во 80 пакувања со вкупна бруто-тежина од 92,7 килограми, внимателно скриени во специјален простор на механизмот за ладење.

Дрогата и контејнерот веднаш биле конфискувани и било известено надлежното обвинителство, додека истрагата за откривање на примателите на кокаинот продолжува.

Кокаин скриен во контејнер со банани беше откриен и пред неколку дена во пратка, исто така од Еквадор, што пристигнала на атинското пристаниште.

Можете да прочитате

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени

Брачен пар изрешетан во спалната соба во Косово: Убиена 25-годишна трудница, сопругот тешко повреден

Вечерва изменет сообраќајниот режим кај Солун поради затворање на обиколницата