Утрински Весник
Македонија

Кога ќе завршат тужењата помеѓу роднини, ќе се продолжи со експропријација за мостот во Аеродром да не води до дворови, тврди Арсовска

Кога ќе завршат тужењата помеѓу роднини, ќе се продолжи со експропријација за мостот во Аеродром да не води до дворови, тврди Арсовска

Кога ќе заврши поврзувањето помеѓу општините Аеродром и Гази Баба зависи од судските постапки за имотно-правни спорови кои си ги водат граѓаните што треба да ги експроприраат имотите. Ова на прес-конференција го посочи скопската градоначалничка Данела Арсовска. До тогаш, мостот „Михајло Апостолски“ кој е целосно завршен нема да биде ставен во функција. Арсовска се надева дека сите предмети ќе добијат епилог до крајот на годината.

dobivaj vesti na viber

„Завршивме голем дел од објектите кои беа за експропријација. Таму проблемот е што имотните правните односи не се само во експропријацијата, туку има голем дел и од правните спорови што се меѓу роднини и пријатели, кои се по судови. Се надеваме дека во најкраток рок ќе бидат завршени. За нас најважно е дека повеќе од 70 отсто од тоа што не е реализирано, а голем број од тие 275 објекти беа нереализирани односно не експроприрани е завршено, така што овие 30 проценти се надеваме дека годинава ќе ги завршиме, ако имаме исход на судските постапки кои ги имаат граѓаните“, посочи Арсовска.

Додека не заврши процесот на експропријација, жителите нема да добијат скратен пат од една во друга општина. Проектот е во трета фаза од реализацијата. Мостот засега само надвиснува над куќите во Ќерамидница и води во приватни дворови.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме