Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кое обвинителство? Каде беа кога требаше? – родителите со жестоки прашања до Тошковски

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit 8.jpg
300x250 opst2

Родителите на децата кои го загубија животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска беа примени на средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Во атмосфера исполнета со болка, гнев и разочараност, тие побараа одговорност и вистина за околностите под кои настрадаа нивните најмили.

Родителите открија дека повеќето од нив сè уште не знаат кога точно им починале децата, а еден од нив дознал за трагедијата додека се наоѓал во Бутел.


Еден од родителите го праша министерот директно:
„Дали чувствувате морална одговорност?“, на што Тошковски одговори:
„Да, чувствувам морална одговорност.“

Министерот ги уверуваше дека Јавното обвинителство е активно на терен и дека истрагата е во тек, додавајќи дека „нема да се поштеди никој“. Но родителите реагираа со неверување:
„Не ви веруваме!“, одекна низ просторијата.

Следуваше бурна реакција од друг родител:
„Кое јавно обвинителство? Љупчо Коцевски, Љубомир Јовески, Марко Зврлевски? Дали еднаш излегоа на терен по допрен глас? Барем пола да излегоа, немаше ова да се случи! И вие ми велите дека ЈО ја води истрагата? КОЈА истрага?“

Во одбрана на институциите, Тошковски ја вклучи и политиката, посочувајќи:
„Она што опозицијата сакаше да го наметне во изминатиот период, и некои недобронамерници, е тоа кое што е фактична состојба. Јас не се сеќавам досега актуелен министер да бил во притвор додека е на функција. Затоа не сакав новинари, не сакав политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова.“

Родителите излегоа од средбата со уште повеќе прашања отколку одговори. Јавноста, пак, сè погласно бара целосна и транспарентна истрага, одговорност и крај на институционалната неказнивост.

Можете да прочитате

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина 

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo