Утрински Весник
Македонија

Коциќ: После шамарот и одлуката од Стразбур ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните

Коциќ: После шамарот и одлуката од Стразбур ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните

Очекував овие два дена некој од ВМРО-ДПМНЕ, било кој, да излезе и доблесно да им се извини на граѓаните после шамарот, после одлуката на Судот во Стразбур, рече пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, во рамки на дебатата на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

– Голема нервоза покажува во Собранието и јасно ми е зошто е тоа така. Очекував овие два дена некој од ВМРО-ДПМНЕ, било кој, да излезе и доблесно да се извини на граѓаните после шамарот, после одлуката на Судот во Стразбур. Се потврди се она што го правеше ВМРО-ДПМНЕ, кое после 11 години крадење сакаше да ги аболицира криминалците. Македонската јавност нема да му прости на Ѓорѓе Иванов за тоа што после 10 години, злоупотребувајќи ја позицијата сакаше да ги спаси криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Над 100 осудени криминалци се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Државата сега функционира и сите случаи се процесираат. Сега нема заштитени мечки, рече Коциќ.

Пратеникот на СДСМ додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет и ја обвини опозициската партија дека има лажен морал затоа што и во последните 3 години постојано го блокира Собранието, ги кочи институциите и тоа во време на глобални кризи, што е на директна штета на граѓаните.

– Македонската јавност ниту може да заборави ниту да прости што во време на глобални кризи, корона, војни, ги кочите државните институции. Дури и хакерскиот напад на ФЗО го злоупотребувате. А во Аеродром системот е блокиран 1 месец, ама ние не сме ние како вас и не се ситиме, рече пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје