Утрински Весник
Македонија

Коциќ: Ги ослободуваме од здравствена партиципација лицата со попреченост и над 26 години возраст

Коциќ: Ги ослободуваме од здравствена партиципација лицата со попреченост и над 26 години возраст

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување, изјави пратеникот Ненад Коциќ на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Коциќ рече дека со овие измени се ослободуваат од плаќање партиципација лицата со попреченост и со над 26 години возраст.

Образложи дека станува збор за долгогодишно барање на оваа категорија граѓани.

„На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат. Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост“, рече Коциќ.

Додаде дека унапредувањето на квалитетот на живот на сите категории граѓани, останува врвен приоритет за СДСМ и за парламентарното мнозинство.

 

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес