Утрински Весник
Македонија

Коцевски: Против Васил Јованов се води постапка за кривично дело сторено со умисла

Ljupco Kocevski Nov Javen Obvinitel Zakletva 14a Bg.jpg
Dik 300x250 mk

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција во врска со случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, посочи дека станува збор за кривично дело сторено со умисла и против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.

– Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.


Коцевски изрази уверување до јавноста и до семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Можете да прочитате

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола

Променливо облачно време со сончеви периоди и ветер