Утрински Весник
Македонија

Коѕијас: На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ, имаме обврска тоа да го испорачаме

Whatsapp Image 2024 06 17 At 19.26.42 8d9eed50.jpg

Поранешниот министер за надоврешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор зборуваше за постигнувањето на Договорот од Преспа и негова идна имплементација, напоменувајќи дека тој Договорот доведе до членство во НАТО и требаше да обезбеди членство во ЕУ за Македонија.

„На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ и имаме обврска тоа да го испорачаме. Влезот во ЕУ за Северна Македонија беше ветен. И што направи ЕУ? Прво француското вето, за менување на методологијата, па потоа дојде ветото од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? Дали да ѝ речеме на Бугарија ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото за Северна Македонија? Ова е добар предлог и треба да се размисли. Но дали е тоа начин? Да се фокусираме на кавги наместо на заеднички напредок?”, рече Коѕијас на панел дискусијата.

Коѕијас се осврна на начинот на имплементација на Договорот од Преспа и истиот го спореди со бебе.

„Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме”, рече Коѕијас кој се осврна и на постапките на новата македонска претседателка, истакнувајќи дека таа како поединец има право да ја нарекува државата Македонија, но како институција има обврска да го почитува Договорот, а ако не ѝ се допаѓа дека може да се жали.

Можете да прочитате

Мисајловски во посета на Командата за операции

Со возбудлива вечер на иновации БАТ во Скопје го прослави лансирањето на уредот glo Hyper Pro

Четири лица повредени по паѓањето на лифт во Кисела Вода