Утрински Весник
Свет

Кнесетот со големо мнозинство изгласа резолуција против палестинската држава

20240718083302 Big 730x400 20.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелскиот Кнесет рано утрово со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрла формирање палестинска држава, јавија локалните медиуми.

Резолуцијата, усвоена со 68 гласа за и девет против, целосно отфрла формирање на палестинска држава, дури и како дел од мировен договор.

Резолуцијата беше заеднички поддржана од партиите од коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, како и од десничарските партии од опозицијата, а документот доби поддршка дури и од центристичката Партија за национално единство на Бени Ганц, јави „Тајмс оф Израел“.

Пратениците од партијата на левиот центар Јеш Атид на опозицискиот лидер Јаир Лапид го напуштија пленумот за да избегнат да дадат поддршка на резолуцијата, бидејќи Лапид претходно се изјасни за решение со две држави.

Иницијативата беше усвоена само неколку дена пред посетата на Нетанјаху на САД, каде што тој ќе се обрати на заедничка седница на двата дома на Конгресот и треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.

Можете да прочитате

Дефект во тунелот под Ла Манш го парализира железничкиот сообраќај меѓу Британија и Европа

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц

Трамп: САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела поврзано со нарко-шверц