Утрински Весник
Спорт

Клоп: Остваривме голема победа, но сега ни треба постојаност

Клоп: Остваривме голема победа, но сега ни треба постојаност

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше исклучително задоволен од победата над Њукасл од 0:2. Тој смета дека тоа е голем успех за неговиот тим, кој почнува да се враќа на најдоброто ниво.

dobivaj vesti na viber

Сепак, Германецот се надева дека неговите играчи ќе покажат постојаност во своите настапи.

„Огромна, огромна, огромна победа. Сè уште не сме во позиција да ја отвориме устата и да кажеме дека се вративме. На вистинскиот пат сме, во подобра позиција сме од пред неколку недели, но ни треба постојаност. Нашиот следен натпревар е против Реал Мадрид и тоа е поинакво натпреварување и поинаков натпревар. Мораме добро да се опоравиме, а потоа имаме натпревар против Кристал Палас во премиерлигата, каде исто така е тешко. Мора да продолжиме во истиот дух. Кога си во тежок момент, најлесно можеш да се извлечеш од него кога ќе покажеш упорност“, изјави Јирген Клоп.

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости