Утрински Весник
Спорт

Клоп: Чест е кога ќе те спомнат во иста реченица како Мандела

Клоп: Чест е кога ќе те спомнат во иста реченица како Мандела
Dik 300x250 mk

Германскиот тренер Јирген Клоп стана почесен граѓанин на Ливерпул. Германецот во 2015 година стана тренер на еден од најславните клубови во светот.

dobivaj vesti na viber

На тренерот на „црвените“ му беше врачена наградата Freedom of the City of Liverpool, која се смета за најпрестижната цивилна награда.

Покрај Клоп, ова признание го има добиено само уште еден странец, а тоа е Нелсон Мандела.

„Кога те спомнуваат во иста реченица како Мандела, тоа е неверојатна чест. Да не ја споменувам оваа. Воодушевен сум и благодарен на сите што мислат дека го заслужувам ова“, изјави Клоп.

Поранешниот менаџер на Борусија го предводеше Ливерпул до титулата во англиската лига и трофејот во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина