Ливерпул наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. „Црвените“ сезоната ќе ја завршат зад Манчестер сити, Арсенал, Њукасл и Манчестер јунајтед. Најдобриот играч и стрелец, Мохамед Салах, на социјалните мрежи напиша дека пласман во ЛШ е минимумот што мора да го направи Ливерпул во секоја сезона. Многумина ова го протолкуваа како најава дека Салах ќе го напушти „Енфилд“.
На оваа тема зоборуваше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Се што слушнав на таа тема е што напиша Мохамед на Твитер. Воопшто не сум слушнал ништо што би водело во насока на неговото заминување. Мо сака да биде тука, да биде дел од овој клуб. Тој им се извини на навивачите за она што ние го направиваме оваа сезона, а не за она што го направил некој друг. Се е во ред“, изјави Клоп.
Тој се осврна и на тоа што „црвените“ следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите, а прокоментира и што би направил доколку некој од играчите изрази желба да си замине поради тоа.
„Доколку некој играч дојде кај мене и каже „не се пласиравме во Лигата на шампионите и затоа сакам да си заминам“, ќе му понудам лично да го одведам во тој нов клуб. Ќе ги земам клучевите, ќе го доведам до колата и ќе прашам каде „каде сакаш да одиш, јас ќе те возам“. Тоа не би можел да го разберам. Замислете ја да речам „не се квалификувавме за ЛШ, сакам да бидам дел од тоа натпреварување и затоа си заминувам“. А јас сум одговорен за ова што се случи“.