Утрински Весник
Спорт

Клоп ја исмеа идејата на газдата на Челзи: Можеби планира да ги донесе Харлем Глобтротерс?

Клоп ја исмеа идејата на газдата на Челзи: Можеби планира да ги донесе Харлем Глобтротерс?
Dik 300x250 mk

Американскиот бизнисмен Тод Боели (48) го презеде раководењето на Челзи на крајот на мај. Боели го наследи Роман Абрамович, кој беше принуден да се повлече. Челзи летово потроши 300 милиони евра и толку лошо ја започна сезоната што Боели мораше да го отпушти менаџерот Томас Тухел.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека Боели фудбалот не го интересира премногу, туку е заинтересиран за правење пари. Американецот предложи англиските клубови да ги имитираат американските. Смета дека треба да се воведе Ол-стар натпревар во Премиер лигата.

„МЛБ го одигра првиот Ол-стар натпревар оваа година. Во понеделник и вторник заработија 200 милиони долари. Во Премиер лигата можеше да се игра натпревар меѓу Север и Југ на тој начин лесно би се заработиле дополнителни пари“, рече Боели.

Експресно на оваа изјава реагираше менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не му требаше долго. Одлично, можеби би можел да најде место во календарот за тоа. Можеби планира да ги донесе Харлем Глобтротерс? Во САД е многу поинаку“, рече Германецот, познат по критиките за голем број на натпревари во една сезона.

Можете да прочитате

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ