Утрински Весник
Македонија

Клинички центар ќе добие еден директор, неколку болници ќе се спојат со здравствени домови

Klinika Klinicki Centar.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе се воведе еден директор за целиот Клинички центар, а неколку болници ќе се спојат со здравствени домови.

Таравари истакна дека во 2017 година, кога бил министер за здравство, разрешил околу 30 економски директори, додека уште 10 до 15 останале неразрешени.

„Еден директор приближно примал плата од околу 1.500 евра. Со овие средства, наместо да плаќаме плата за директор кој не е неопходен во администрацијата на Клиниката, можеме да инвестираме во здравството – нови апарати, изградба на нови згради, реновирање клиники и јавни здравствени институции. Целта е да се зголеми инвестицијата во здравството, а не да се одржуваат непотребни административни позиции. Оваа цел не е нова – и во 2017 година, кога бев министер, разрешив околу 30 директори, а останаа уште 10 до 15,“ истакна Таравари.

Можете да прочитате

Упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

Во двата скопски затвори фатени осуденици како се дрогираат – Полицијата утврдува како дрогата стигнала таму

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани