Утрински Весник
Македонија

Клинчаров, кој ги добил тендерите од Стефан Андоновски, бил жесток поддржувач на Мицкоски на Фејсбук

Img 20250311 Wa0002 1024x695 1.jpg

Откако СДСМ ја објави аферата за доделените тендери на компанијата на Клинчаров, кој е сопруг на државната секретарка во Министерството за дигитализација, анализата на профилот на Мартин Клинчаров покажува дека тој бил жесток поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Во неговите објави може да се види дека бил дел од партиски организирани настани во општинските организации, но и споделувал постови со поддршка за Мицкоски откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта.

По објавите на опозициската СДСМ, Стефан Андоновски не ги негираше набавките, туку рече дека со нив министерството штедело пари, а за сопругата на Клинчаров, која е државен секретар, рече дека не била вклучена во процесот на селекција за овие набавки.


Компанијата на сопругот на Гордана Клинчаров, Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ, добила два тендери од министерството кое го води Андоновски. Првиот договор бил за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари, а вториот за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.

СДСМ денеска побара ДКСК веднаш да постапи за овој случај, каде е повеќе од јасно дека има судир на интереси и непотизам. ДКСК до овој момент сè уште не се изјасни за случајот.

Извор: Либертас

Можете да прочитате

ДОАЃА НЕВРЕМЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Подгответе се за нови врнежи, грмежи, и силен јужен ветер (над 75 км/час)!

Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Светски ден на бубрегот, хроничната бубрежна болест тивка пандемија на 21 век