Утрински Весник
Економија

Климатскиот инвестициски фонд одобри финансирање на Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција вреден 85 милиони евра

Photo 20.03.2024.jpg

Климатскиот инвестициски фонд (ЦИФ) го одобри Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија во вредност од 85 милиони евра.

Со одобрување на овие средства од ЦИФ се обезбедуваат првите фондови за реализација на Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија во вредност од 3 милјарди евра која што беше лансирана на COP 28 во Дубаи на крајот на минатата година.

Министерството за економија денеска во Владата пред претставници на комитетот на Климатскиот инвестициски фонд, ЕБРД, Светска Банка, ИФЦ и Развојната Банка го презентираше Инвестицискиот план за забрзана транзиција на јаглен на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст