Утрински Весник
Македонија

Клековски: Згрижени над 140 повредени, продолжува трансферот во странство

Img 5247.jpeg

Денеска се згрижени над 140 настрадани од трагедијата во Кочани. Во земјава моментално се хоспитализирани 90 лица, распределени во повеќе болници: Клинички центар – 20, ГОБ „8 Септември“ – 20, „Св. Наум Охридски“ – 21, КБ Штип – 20, ОБ Кочани – 7 и Токсикологија – 2. Дополнително, пациенти се примени и во „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“.

Во странство се прифатени 44 повредени: Србија – 17, Бугарија – 14, Турција – 9 и Грција – 4. Во текот на ноќта и утрото ќе бидат транспортирани уште 8 лица – 4 за Хрватска и 4 за Романија. Дополнително, се разгледува можноста за испраќање пациенти во Словенија, Унгарија и Австрија.


Од утринските часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во координација со МВР и МНР. Вечерва пристигна тим од ВМА Белград, а се очекуваат медицински екипи од Чешка, Израел и Белгија.

„Сите повредени се згрижени најдобро што можеме!“ – објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Можете да прочитате

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари