Утрински Весник
Македонија

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт

Lekovi Apteka.jpg

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт.


– Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата на која го презентираше новото проширување на позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови – еноксапарин, надропарин и ривароксабан.

Можете да прочитате

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре

Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид