
Општина Кисела Вода обезбедува субвенции за огревно дрво се со цел финансики да им се помогне на граѓаните. Ваквата вест ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
„Покрај оваа мерка, ќе ги продолжиме субвенциите за пелети и печки на пелети, за енергетска обнова на фасади, а од годинава субвенции имаме и за пензионери со ниски пензии, како и субвенции за возачки дозволи за сите матуранти. Наскоро ќе излеземе и со нов сет мерки со кои дополнително ќе го олесниме секојдневието на нашите граѓани“, вели Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека денес е распишан е јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за своите жители.
„Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен метар кубен (m³) дрва, за максимум до 10 м³ или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри.Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“, се додава во постот на градоначалникот
Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата.
Повикот е објавен на веб страната на општината.
Информациите се достапни и преку локалните месни заедници. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на тел: 02 2785-427