Утрински Весник
Македонија

Кисела Вода почнува со исплата на субвенциите за печки на пелети

Кисела Вода почнува со исплата на субвенциите за печки на пелети
Ss2

Од понеделник Општина Кисела Вoда почнува со исплата на субвенциите за печки на пелети. Финансискиот надоместок за кој во изминатиот период аплицираа граѓаните што набавија вакви печки e во рамки на Програмата за енегетска ефикасност на општината.

dobivaj vesti na viber

Проектот има за цел стимулирање на домаќинствата за користење  обновливи извори на енергија за затоплување, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Воедно, во овој период кога поскапувањата, посебно на енергенсите се на највисоко ниво досега, субвенцијата од Општина Кисела Вода претставува солидна финансиска помош. Истата може да се искористи и за набавка на пелети, чија цена во последниот период е сериозно покачена.

Ss1

За потсетување, јавниот повик беше објавен во средината на јули и на него можеа да аплицираат сите жители на општината кои од почетокот на годината купиле печка на пелети и до тој момент немаа искористено друга субвенција од ваков карактер. За оваа финансиска поддршка од буџетот на Општина Кисела Вода се обезбедени финансиски средства во износ од 1.000.000,00 денари, кои се доделуваа по принципот прв дојден, прв услужен.

Ова е само една од многуте мерки кои Општина Кисела Вода ги презема со цел да им помогне на своите жители полесно да го пребродат овој период на финансиска криза. Реализиран е проектот „Ранче за секое прваче” со кој се обезбедени чанта, тетратки и училиштен прибор за сите првоодделенци, обезбедена е донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, а веќе во наредните денови Кисела Вода излегува и со нов сет мерки за намалување или ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број семејства во Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk

Ковачевски: Само СДСМ може да ги обедини граѓаните зад идејата за европска иднина

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!