Утрински Весник
Свет

Киргистанските и таџикистанските граничари размениле оган по спорот за границата

Киргистанските и таџикистанските граничари размениле оган по спорот за границата

Киргистанските и таџикистанските граничари денеска разменија оган по спорот за границата меѓу двете централноазиски земји, во кој загина еден таџикистански граничар, а двајца се повредени, потврдија официјални лица од двете страни, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Конфликтот, кој се случил во пресрет на регионалниот состанок за безбедност, настанал откако киргистанските граничари ги обвиниле таџикистанските граничари дека зазеле позиција на дел од границата што сè уште не е демаркирана.

И Киргистан и Таџикистан се сојузници на Русија и на нивна територија се наоѓаат руски воени бази, но прекуграничните конфликти се чести и минатата година речиси резултираа со војна меѓу двете земји, пренесуваат медиумите.

Таџикистанската страна соопштила дека киргистанската гранична стража отворила артилериски и минофрлачки оган врз таџикистанската гранична стража и дека од таа страна немало провокации.

Според написите, се очекува оваа недела лидерите на двете земји да присуствуваат на самитот на Шангајската организација за безбедност во Узбекистан.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил