Утрински Весник
Свет

Кирби: Бајден не сака да биде одговорен за почеток на Трета светска војна

Kirbi.jpg

Американскиот претседател Џо Бајден не сака конфликтот со Русија околу Украина да предизвика глобална војна, изјави портпаролот на Белата куќа задолжен за национална безбедност Џон Кирби.

Тој го изјави ова само неколку дена откако Белата куќа потврди дека Бајден му дал дозвола на Киев да користи оружје доставено од САД за напади длабоко во Русија.

„Бевме загрижени за ескалација од самиот почеток на оваа војна. И таа загриженост останува валидна“, изјави Кирби за ABC News во неделата. „Претседателот Бајден рече дека не сака да биде одговорен за започнување на Трета светска војна. Ние не бараме конфликт со Русија, уште една нуклеарна сила“, рече Кирби.

Според него, Бајден „ги разбрал сите последици“ од дозволувањето на Киев да користи американско оружје „за одбранбени цели

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот