Утрински Весник
Свет

Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран

Kipar.webp.webp

Властите на Кипар ја активираа апликацијата SafeCY, која обезбедува информации за локациите на најблиските засолништа и упатства за постапување при опасност, во услови на растечка тензија меѓу Израел и Иран.

Министерството за внатрешни работи на Кипар соопшти дека на островот има околу 2.200 безбедни простории и засолништа. Една од главните грижи е присуството на британски воени бази на островот, кои потенцијално би можеле да бидат цели на ирански напади. Најважната база е онаа во Акротири, западно од Лимасол, оддалечена само 275 километри од израелскиот град Хаифа.


Британскиот премиер Киер Стармер вчера соопшти дека борбени авиони, најверојатно „Тајфуни“, се префрлени на Кипар. На новинарско прашање дали тие ќе се користат за поддршка на Израел, Стармер не даде конкретен одговор.

Според медиумите, израелските авиокомпании префрлиле дел од своите авиони во Кипар од безбедносни причини. Радиото РИК јави дека безбедносните мерки на аеродромите во Ларнака и Пафос се засилени.

Жителите на јужниот дел на Кипар можат со голо око да ги набљудуваат воздушните напади и ракетните пресретнувања во далечина.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел