Утрински Весник
Македонија

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Large.webp.webp

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро.

Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на воздухопловот не е во животна опасност. 

Прпоски вели дека денеска во 12.30 часот добиле информација оти мал спортски воздухоплов од типот Пајпер 28 слетал во Мавровско Езеро.

– Тимот на КИНСИВ веднаш излезе на терен и почна со истрага. Воздухопловот е во приватна сопственост и со американски регистарски ознаки и посадата на воздухопловот не е во животна опасност,  изјави Прпоски и најави повеќе информации од истрагата во наредните денови. 

Претходно од СВР Тетово информираа дека две лица се пренесени во гостиварската болница со повреди здобиени при падот спортскиот авион  во водите на Мавровското Езеро.

Според портпаролот, Фатмир Реџепи, денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион. 

-Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош, изјави портпаролот Фатмир Реџепи.

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, близу до браната.

Можете да прочитате

Работник загина при управување со индустриски робот во Ѓорче Петров

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Специјална проекција на кратки филмови од младите филмаџии во Кинотеката