Утрински Весник
Скопје

Кино на отворено вечер и викендов во Кисела Вода

20240822175012 Big 730x400 17.webp.webp

Кино на отворено ќе има вечер и во деновите од викендов во општина Кисела Вода, со  бесплатни филмски проекции во паркот „Македонија“ пред Домот на културата „Билјана Беличанец”.

Како што информира Општина Кисела Вода, во трите вечери со почеток во 21 часот ќе бидат прикажани современи филмови од македонски автори наградувани на реномирани меѓународни филмски фестивали.

Во 21 часот денеска ќе бидат прикажани кратките филмови „Пепи и Муто” и „Налепница” од Ѓорѓи Унковски и „Долу од рајот” од Саша Станишиќ, во 22 часот долгометражниот филм „Деца на сонцето” од Антонио Митриќески и од 23.30 часот кратките „48″ од Владимир Митревски и „Сонот за крвта и душата” од Игор Алексов. 

Утревечер од 21 часот ќе има проекции на кратките филмови „Кутии” од Ангела Димеска, „Девојчето со кибритчињата” од Филип Матевски и „Кога не нема” од Стефан Палитов, од 22 часот играниот филм „Дедо и внук” од Илија Пиперковски и потоа кратките  „Карма” од Владимир Митревски и „Си беше еднаш еден звук”.

На последниот ден од филмскиот викенд во Кисела Вода, в недела од 21 часот, на програмата се кратките филмови „Шекспирова 19″ од Владимир Митревски, „Ќе му се јавам на татко ти” од Леон Ристов и „Брат за еден ден” од Стојан Вуичиќ. 

Од 22 часот в недела е долгометражниот филм „Ова не е американски филм” од Сашо Павловски и по него кратките филмови „Еден” од Вардар Тозија и „Епизодист” од Игор Александров. 

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем