Утрински Весник
Свет

Кинезите изградија тунел долг 22 километри, ќе биде отворен оваа година

Tunel Kina.jpg

Во новата година Кинезите се подготвени за нов, импресивен инфраструктурен проект.

Тоа е најдолгиот тунел на автопатот Тианшан Шенгли, кој Кина го изгради и планира да го отвори во 2025 година.


Тунелот долг 22,13 километри минува низ планините Тианшан, еден од најголемите планински масиви во светот и низ регионот Ксинџијанг, каде што, кога ќе биде пуштен во употреба, ќе го намали времето на патување низ планинскиот премин од три часа на само 20 минути.

Како што објавија државните медиуми, ова е дел од автопатот долг 319,72 километри што ќе ги поврзе двата најнаселени града во регионот – Урумчи и Корлу. Од еден град до друг ќе бидат потребни три часа, а не седум како порано.

Ова инженерско чудо, како што веќе го нарекуваат овој тунел, го изградиле повеќе од 3.000 работници. Државната телевизија „ЦЦТВ“ објави дека ги надминале екстремните геолошки предизвици и ризици за време на работата.

На градежните екипи им беа потребни повеќе од четири, но тунелот, наводно, бил завршен година и пол пред предвиденото.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, работата вклучувала пробивање на планински венец за да се изградат два сообраќајни тунели и еден сервисен тунел што поминува меѓу нив.

Можете да прочитате

Метеоролозите во Лос Анџелес со најави за нови силни ветрови

Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа

ИПА- Албанија ќе биде домаќин на меѓународниот шампионат во фудбал на полициски екипи од земјите членки