Утрински Весник
Свет

Кинескиот лидер доаѓа во Русија на покана на Путин

Кинескиот лидер доаѓа во Русија на покана на Путин

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, од 20 до 22 март ќе престојува во официјална посета на Русија, што треба да ја зајакне меѓусебната доверба и разбирање меѓу Пекинг и Москва, потврди кинеското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата, Си ќе размени мислења за важни меѓународни и регионални прашања со рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти кинеското Министерство, пренесува „РИА Новости“.

Претстојната официјална посета на кинескиот претседател на Русија дополнително ќе ја зајакне меѓусебната доверба и разбирање меѓу Пекинг и Москва, изјави на прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Ванг истакна дека посетата ќе ја зајакне и политичката основа на пријателството меѓу двата народа, кое се пренесува од генерација на генерација.

За време на посетата на Русија, Си Џинпинг ќе има детална размена на мислења со Путин за билатералните односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес, рече дипломатот.

Кремљ денеска соопшти дека кинескиот претседател Си Џинпинг на 20 март ќе престојува во државна посета на Русија на покана на рускиот претседател, Владимир Путин.

Како резултат на разговорите меѓу двајцата претседатели ќе бидат потпишани голем број важни билатерални документи, нагласуваат од Кремљ.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Кабина од жичара падна во провалија – има мртви и повредени

Пукање на Универзитет во Флорида, има ранети