Утрински Весник
Свет

Кина симулираше напад на Тајван

Кина симулираше напад на Тајван

Кинески борбени авиони и воени бродови симулираа напади врз Тајван додека кружеа околу островот за време на вториот ден од воените вежби започнати како одговор на средбата меѓу претседателот на Тајван и претседателот на Претставничкиот дом на САД.

dobivaj vesti na viber

Вежбите предизвикаа осуда од Тајпеј и повици за воздржаност од Вашингтон, кој рече дека „внимателно ги следи активностите на Пекинг“.

Наречена „Заеднички меч“, тридневната операција, која вклучува вежбовно опколување на Тајван, ќе трае до понеделник, соопшти командата на Источниот театар на Кинеската народна ослободителна армија.

Во извештајот на државната телевизија во неделата се вели дека вежбите „симулирале заеднички прецизни напади врз клучните цели на островот Тајван и околните води“.

Во извештајот се вели дека воздухопловните сили распоредиле десетици авиони за да „летаат во целниот воздушен простор“, а копнените сили спроведоа вежби за „прецизни напади со повеќе цели“. Тајванската претседателка Цаи Инг-вен веднаш ги осуди вежбите, кои следеа по средбата со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија.

Таа вети дека ќе работи со „САД и други земји со истомисленици“ во лицето на „континуираниот авторитарен експанзионизам“.

Во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот рече дека Соединетите држави „постојано повикуваат на воздржаност и одржување на статус кво“, но нагласи дека САД имаат доволно ресурси за да ги исполнат своите безбедносни обврски во Азија.

Вежбите во понеделник ќе вклучуваат пукање со боева муниција кај карпестиот брег на кинеската провинција Фуџијан, околу 80 километри јужно од тајванските острови Мацу и 186 километри од Тајпеј.

 

Можете да прочитате

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати

Руско Министерство за одбрана: Како одговор на украинските напади, Русија гаѓаше цели на безбедносните служби во Киев