Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кина: Не исклучуваме употреба на воена сила врз Тајван

Кина: Не исклучуваме употреба на воена сила врз Тајван
Img 7972

Властите во Пекинг не ја исклучуваат можноста за употреба на воена сила за повторно обединување на Тајван со Кина, соопшти денеска Канцеларијата за прашања на Тајван.

dobivaj vesti na viber

„Не ветуваме дека ќе се воздржиме од употреба на воена сила. Кина го задржува правото да ги искористи сите неопходни средства за конечно обединување со Тајван“, нагласи претставникот на Канцеларијата.

Во исто време, официјалниот претставник истакна дека Пекинг е посветен на мирно обединување со Тајван и ќе остане лојален на принципот „една земја, два системи“. „Кина има непроменлива и јасна позиција за Тајван“, додаде тој.

Тајван е управуван од локална администрација од 1949 година, кога преостанатите сили на генералот Чианг Каи-шек (1887-1975) биле поразени во Кинеската граѓанска војна и се засолниле на островот.

Според официјалниот став на Кина, кој го поддржуваат повеќето земји, вклучително и Русија, островот Тајван е една од кинеските провинции, наведува руската агенција.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари